Најпопуларни фризури за пролет 2014

frizura-šiškeКако и секоја пролет и оваа, постојат неколку фризури, што се во тренд. Најголеми хитови се боб фризурата, шишките, коса на степени и брановидната фризура. Но, да почнеме по ред.

1. Боб фризура

Менувајќи ги деталите, но секогаш задржувајќи ја карактеристичната форма, оваа фризура денес е една од најпопуларните. Низ различни форми, во различни стилови, боб-от останува популарен и денес, како меѓу обичните луѓе, така и меѓу личностите од шоу бизнисот. Зошто да одберете боб фризура?! Затоа што е едноставна и одговара на сите облици на лице и на сите типови коса.

2. Шишки

Шишките се хит, но со нив треба да сте внимателни. Или консултирајте се со фризерот или водете се според обликот на вашето лице. Тие се додаток кои ја прават фризурата интересна и го истакнуваат најдоброто на вашето лице.

3.  Коса шишана на степени

Во последните неколку години, шишната коса на степени е најактуелна. Таа е хит и за оваа пролет. Па, затоа на сите на кои им одговара овој вид на фризура, практикувајте да ја носите. Така ќе бидете модерни и тренди.

 

Advertisement