Најмоќниот лек за синуси од само 2 состојки: Ќе продишете за миг!

Со првиот силен ветер и ладните денови, им се враќаат маките на сите оние што страдаат од чести воспаленија на синусите. Главоболките се задолжителен придружник на синуситисот, во чиј случај честопати не помагаат ни најјаките лекови.

Синусна инфекција се појавува кога синусите отекуваат, што го спречува природното цедење, а тоа доведува до болка, притисок и потешкотии со дишењето.

Природен лек за синуси со рен
Навечер, пред спиење, на топла рингла ставете лажица рендан корен од рен. Покријте ја главата со поголем пешкир, наведнете се и вдишувајте го испарувањето. Повторувајте ја постапката најмалку 5 дена по ред.

Се препорачува да изрендате свеж рен и да го прелиете со вински оцет, а потоа да го ставите во шише од пола литар и да го затворите. Чувајте ја смесата десет дена на собна температура и повремено протресувајте ја. Кога ќе помине овој рок, неколку пати дневно преку отвореното шише вдишувајте го испарувањето пет минути.

Натопете ткаенина со истата течност и држете ја во текот на ноќта на челото или на тилот. Терапијата трае пет дена, што е доволно за лутиот и јак мирис на ренот во оцетот да ве ослободи од синуситисот и од непријатните главоболки.

Едно од решенијата е и да изрендате 50 г рен, да го ставите во пет децилитри вода и да го оставите да зоврие. Потоа, ставете ја главата над лонецот, покријте се со пешкир и вдишувајте ја пареата.

Advertisement