Најчести проблеми за заспивање на бебето

bebe spie

Кога ќе дојде време за спиење, не постојат никакви правила. Она што кај едно бебе се покажало како успешна стратегија, кај друго може да се претвори во целосен неуспех. Меѓутоа, постојат некои вообичаени грешки, кои често ги прават родителите, особено што го добиле првото дете. Некои од нив можат да предизвикаат лоши навики кај бебето, кои ќе продолжат и во текот на целиот живот, додека, пак, други едноставно преставуваат огромен ризик за безбедноста на бебето.

– Опасна положба на спиење

Поставувањето на бебето настрана или на стомаче најчесто е најприфатливата опција за родителите. Меѓутоа, овие положби можат да бидат поврзани и со синдромот на ненадејна смрт кај новороденчињата – СИДС, така што треба да се избегнуваат за да се отстрани секаков ризик. Најдобро е бебето да биде на грб, без оглед дали станува збор за ноќно или дневно спиење.

– Претоплување

Просторијата во која престојува бебето треба да биде проветрена и доволно топла, најмногу до 25 степени. Доволна е лесна покривка, но мора да водите сметка, бебето да не биде покриено преку глава. Немојте премногу да го облекувате.

– Нарушување на ритамот

Нормално е рутината на спиење повремено да се наруши, меѓутоа, доколку зачести, полошо е од воопшто невоспоставената рутина. Бидејќи, кога бебето ќе се навикне на одреден редослед на работите, ќе биде збунето доколку тој се наруши, дури ќе покажува знаци на немир и мрзоволност.

Scroll To Top