Иако скоро сите се запознаени со овој вид на овошје, сепак многу од граѓаните слабо ја конзумираат мушмулата кој содржи куп лековити својства. Многу често може да се најде на сите македонски  пазари, а особено се јаде во есенскиот и зимскиот период. Таа е род од два вида скриеносеменици во потфамилијата јадрени овошја на фамилијата розоцветни растенија.

Medlars in hands (Mespilus germanica)

Мушмулата е такво овошје за кое повеќето би рекле „не“, но има луѓе кои едвај чекаат да дојде ноември, за да уживаат во нејзиниот вкус. Плодот се бере некаде кон крајот на есента, не се јаде веднаш бидејќи е тврд, па поради тоа се остава неколку недели да омекне. Освен плодот се користи и цветот и листот. Ова овошје ја стега слузокожата, при пто се препорачува при крварење во устата и при разни видови на афти. Освен ова го потикнува лачењето на плунка во плунковните жлезди, го потикнува варењето на храна во желудникот, па затоа се препорачува кај луѓе кои имаат проблеми со варењето или кај стари и изнемоштени лица.

Ова вкусно овошје исто така се користи за правење мармалад, слатко и уште многу видови на слатки. А, најдобра е кога се јаде свежа.

Сподели