Советите на една баба се секогаш добредојдени. Во секоја доба од животот, тие најдобро знаат да не разберат и утешат со некој мудар совет. Затоа внимателно слушајте ги вашите баби!

Погледнете го разговорот на бабата со својата внука, каде на интересен начин и го објаснува значењето на завршената љубов и онаа вистинската.

  • “Бабо, ми тежи , душата ме боли, бабо!”
  • “Знам, мила, знам! Го гледам тоа во твоите очи.”
  • “Ми тежи на срцето, бабо! Толку многу го сакам!”
  • “Сакај го, мила! Нема лек за оваа болка. Љубовта тежи кога нема кој да ја прими. Товарот останува во тебе и треба да научиш да го носиш во себе, без да те скрши.”
  • “Секогаш ли ќе биде така, бабо? Неможам да издржам повеќе…”
  • “Не, ќерко! Љубовта по некое време престанува да боли и тежи на душата. Ќе се навикнеш да ја носиш во себе, дури ќе те чува кога ќе загубиш нешто драго.”
  • “Но, неговата љубов завршила бабо, нему полесно ли му е сега?”
  • “Сега му е полесно, дете мое, но за понатаму… не знам. Не знам што ќе му одреди Бог. А ти ќе мора да бидеш силна и да се справиш со неговата завршена љубов.
Ќерко, знаеш ли како се чува љубовта која завршила?
Таквата љубов е како празна чаша од најубавото црвено вино.
По последната голтка, ќе се стечат црвени ленти на дното од чашата и ќе формираат една капка. Ќе посакаш да ја испиеш и неа, но таа повеќе нема ист вкус. Мирисот сеуште останува во чашата, а капката на дното потсетува на прекрасната течност на… одминатата љубов.Плачеш… Се сеќаваш… И се прашуваш – зошто… Заспиваш… И…
Утрото веќе ја нема… останати се само црвените траги… а последната капка испарила…
Останала само една празна, неизмиена чаша. Ја земаш во рака и се присеќаваш… се сеќаваш на моменти од испиената, завршена љубов. Воздивнуваш… И миеш. Вимаваш да не ја скршиш, ја миеш, ја оставаш, гледаш како се цеди, ја полираш со крпа и внимаваш да не остане ниту капка вода. Ги собираш спомените во неа и ја креваш на повисоко… да не исчезнат… дури не сакаш да ја држиш во моментот, бидејќи тежи…
Тешкото минува со текот на времето и остануваат само убавите спомени. Ќе научиш да ја земаш чашата в раце и да се насмевнеш. Тогаш нема да те боли и да ти тежи.
Ќе се научиш да ја полниш чашата со вистинска љубов… Споделена… Таа не тежи и не завршува, ќерко! Ниту на овој, ниту на оној свет.
А сега исплачи се и истури ја тагата, за да ја измиеш чашата и да ги собереш само убавите сеќавања од завршената љубов.”
loading...
Сподели