Морингата содржи многу важни хранливи состојки за нашето тело, има моќ да го зајакне имунолошкиот систем и со години се користи поради својата исцелитела моќ.

Честопати се нарекува и чудотворна билка затоа што содржи многу антиоксиданси, како и поради својата разновидност. Па така, истражувањата покажале дека морингата може да помогне при лекување на многубројни здравствени состојби како воспаленија, инфекции, алергии, астма, анемија, дијабетес, артритис, болки во желудникот, епилепсија, хронични главоболки и висок крвен притисок.

Па, зошто токму вие треба да ја пробате?

1. Содржи многу антиоксиданси кои помагаат при намалување на воспаленијата

Морингата сѐ почесто се користи како моќен природен лек и како замена за некои фармацевтски лекови, бидејќи содржи исти соединенија како и тие лекови, само без несакани ефекти. Содржи есенцијални аминокиселини и каротеноид фитонутритиенти, кои може да се најдат во морковите и доматите, како и антибактериски соединенија кои се идентични со оние во лековите. Воспалението може да предизвика многу проблеми во телото, но морингата се бори против неа со помош на силните соединенија што го забавуваат стареењето и кои вклучуваат витамин Ц, бета-каротен, кварцетин и полифеноли. Овие соединенија помагаат при намалувањето на ризикот за заболување од одредени видови карцином, висок крвен притисок и останатите хронични болести.

2. Ги балансира хормоните на природен начин

Истражувањата покажале дека консумирањето на билките како што се морингата и амарантот како додаток на исхраната значително ја зголемуваат количината на антиоксиданси во телото и го намалуваат оксидативниот стрес. Исто така, се покажало дека доаѓа до зголемување на хемоглобинот и подобрување на нивото на гликоза во крвта, што води до заклучокот дека морингата може да ги намали или да ги спречи хормоналните промени и болестите кои доаѓаат со текот на годините.

3. Влијае на здравјето на мозокот и ги спречува промените на расположението

Морингата содржи значителна количина на протеини и е полна со триптофан. Тоа му помага на телото во произведувањето на хормонот за опуштање, серотонин. Оваа моќна билка, според некои студии, помага при намалување на заморот, депресијата, промените на расположението и несоницата.

Колку е силна покажуваат и фактите за витамините и минералите кои се наоѓаат во морингата:

  • Двапати поголема количина протеини отколку во јогуртот.
  • Четирипати поголема количина витамин А отколку во морковите.
  • Трипати поголема количина калиум отколку во бананите.
  • Четирипати повеќе калциум отколку во кравјото млеко.
  • Седумпати поголема количина витамин Ц отколку во портокалите.

Морингата е ценета, пред сѐ, како природен извор на железо. Морингата е и вреден извор на калиум, магнезиум, цинк, бакар, но и витамин А, Е, Б1, Б2 и Б3. Се препорачува на личностите на кои им е потребен безопасен извор на железо, но и на останатите минерали и витамини кои делуваат поврзано.

Најчестиот начин за користење на морингата вклучува сушени листови, прав или семки како додаток на исхраната. Листовите од оваа билка содржат најмногу антиоксиданси и хранливи состојки, додека семките се полни со есенцијални протеини и масни киселини кои помагаат при прочистување на водата и додаваат протеини на лошата исхрана. Можете да ги консумирате како чај, прав или капсула. За да ги искористите сите придобивки, најдобро е да ги консумирате заедно со јадењето.

Како да ја консумирате морингата?

Со оглед на тоа дека морингата е моќна „бомба“, важно е да започнете да ја консумирате во многу мали дози и никако кога сте гладни, бидејќи во спротивно може да предизвика мачнина. Би требало да започнете со половина лажица дневно и постепено да ја зголемувате количината до максимум 5 лажици дневно. Некому ќе му биде доволно и помалку за постигнување одлична ефикасност. Морингата лесно се апсорбира и не предизвикува несакани ефекти. Важно е континуирано да се консумира во текот на еден месец. Нема ограничување за консумирање освен веќе споменатото постепено привикнување на организмот на делувањето на морингата. Секој организам е единствен,па треба да ги слушате сигналите на вашето тело.

loading...
Сподели