Моќен лек од ловоров лист и маслинов зејтин

Ловоровиот лист е добро познат и омилен зачин.Но многу малку од нас знаат дека,тој може да се користи и како лек. Денеска ќе ви напишаме нешто повеќе за ова растение и за неговата примена околу некои здравствени проблеми.

Ловоров лист и неговите здравствени придобивки:

  • ги намалува болките
  • го смирува нервниот систем
  • го зголемува и потикнува потењето
  • го јакне имунолошкиот систем
  • се користи и против проширени вени и болки во зглобовите

Потребни состојќи:

  • 30 гр лист од ловор
  • 250 гр маслинов зејтин

Начин на припрема:

Ловоровиот лест се гмечи на ситни парченца и се прелива со маслиновиот зејтин.Смесата се става во стаклен сад, се затвара добро и се остава на темно и ладно место да отстои 14 дена. Стаклената боца се протресува од време на време.После две недели смесата се процедува низ газа и течноста се става во друга стаклена боца и се чува на ладно место.

Ловоровиот зејтин како лек:

Ако е потребно, улјето можете да го загреете и така да го користите.Истрлајте ги болните зглобови.Освен за лечење на зглобовите, улјето може да се користи и за лекување на воспалени лимфни чиреви, за мигрена и за болести на ушите.  Ако имате силни главоболки, ставете улје на слепоочниците и измасирајте. На тој начин болката бргу ќе престане.

Ловоровото улје може да го замени аспиринот,бидејќи е во можност да ја намали телесната температура.Исто така помага и при болки во желудникот и цревата, ја нормализира функцијата на црниот дроб и бубрезите и го зголемува апетитот. Ловоровото улје е добро и за превентивни мерки.Тоа има способност  да зголемува отпорност на инфекции,односно супер лек е  за зголемување на имунитетот. Се користи и за борба против акни и митесери.

Scroll To Top