Познатиот македонски шоумен и водител Игор Џамбазов во јули наполни 52 години. Тој долги години успешно ја гради својата кариера како актер, пејач, водител. Шармантен. амбициозен, позитивен и секогаш насмеан се главните карактеристики со кои може да се опише Џамбазов. Тој е роден на 15 јули, 1963 во Скопје, во семејството на композиторот Александар Џамбазов и глумицата Анче Џамбазова, а внук на истакнатиот глумец Петре Прличко. Со актерството започнува уште на 12-годишна возраст, со улогата во филмот „Волшебното самарче“ направен според романот од Ванчо Николески.
Оттука, почнува неговата актерска кариера. Но, тој не застанува тука, туку полека почнува да плива и во музичките води, а во последните неколку години напиша и неколку книги, во кои го раскажува својот живот и од кои може многу да се научи. Џамбазов пред неколку месеци доживеа инфаркт и сега е посветен на здравата исхрана и вежбањето. „Мое здравје“ со него разговараше за тоа како се грижи за своето здравје, што најчесто јаде, дали спортува…..

10368232_493767280801967_3200210729378259432_n 
1.Mоже ли да ни кажете како го одржувате вашето здравје?

Џамбазов:
Со оглед на тоа колку во изминативе 30 и нешто години, не мислев воопшто на своето здравје, и како да правев се, за побргу да го уништам, денес за мене може да се каже дека навистина почнав да живеам, а и да се чувствувам поздраво од претходно.

2. Што најчесто се храните и кое ви е омилено јадење?

Џамбазов: Моментално сум на посебен режим. Се хранам исклучиво во ресторанот “Здраво живо” во Дебар маало. Јадам само храна без глутен, таканаречена “жива“ храна. Нема повеќе месо, тесто, благо, солено, конзервирано. Основата на сегашната храна се овошје, зеленчук, како и лененото семе кое го има во многу варијанти. Користам само ладно цедено масло, хималајска сол и здрав шеќер.

3. На кој начин ја одржувате вашата линија?

Џамбазов: Сега сум се уште во постоперативна фаза, и главно за мене беше да станам од креветот, и да можам нормално да се движам. Сепак операцијата беше пред само три месеца. Болките во ногата беа страшни, па се движев сосема малку и немав баш многу можности да се грижам за својата линија. Стигнав до за мене, неверојатни 110 килограми. Но, само за 30 дена, од живата храна, ослабев повеќе од 5 килограми.

4. Дали вежбате и што најчесто?

Џамбазов: Никогаш во животот не помислив дека ќе го правам ова. Почнав да вежбам, и тоа кај еден мој стар пријател, еден од првите луѓе во овој бизнис кај нас, Мирко Петровски, во неговиот клуб. За почеток, одам малку на подвижна лента и возам точаче. Не е лесно, особено за човек, кој многу малку се движел, и кој половина од денот го поминува покрај лап-топот, пишувајќи ја новата книга.
12191735_493767694135259_2492181580549264248_n
5. Сметате ли дека диетите придонесуваат за намалување на тежината или тоа го прави здравиот начин на живот?

Џамбазов:
Јас ова не го сфаќам како диета. Ова не го правам заради надворешната убавина, туку заради внатрешното здравје. А слабеењето е нормална завршница на таков начин на исхрана. Мене ми е сто пати побитен фактот дека јас ќе си го детоксицирам организмот, на природен начин, и тоа комплетно. А има и што да се детоксицира. Диетите успеваат само тогаш кога тоа се прави со задоволство, и со радост. На сила убавина не бива.

6. Како би ги советувале младите генерации да се грижат за нивното здравје?12194884_493767607468601_1355491193100191112_o

Џамбазов: Помалку пред компјутер, повеќе на воздух. Помалку во затворен простор, повеќе на велосипед. Модерниот свет секој ден ви нуди уште по еден порок. Бегајте од нив! Јадете овошје секој ден. Било што. Се сеќавам на мојот покоен дедо Петре, кој секое утро од како паметам, го почнуваше со едно јаболко. Пред било што друго да направи. Јаболко. И кога си замина од овој свет, си замина со сите заби.

7. 
Од што се состои еден ваш дневен оброк?

Џамбазов:
Имам пет оброци дневно. Утрото го започнувам со литар и нешто сурово, живо смуди. Ручекот се на пример брокула со ориз, или живи нудлс во песто од спанаќ. Попладнето бадемово млеко, а за вечера здраво-живо сендвич. Како десерт, анти-стрес колаче или ванил и чоколадна торта без јатки. Звучи примамливо?

 

loading...
Сподели