Млеко и лук- добар лек против ишијас

Ишијасот претставува болка во грбот која се спушта кон една од двете нозе, познат е уште како Лумбоишијалгија, а настанува со притискање на нервот ишијадикус, најдолгиот нерв во периферниот нервен систем, се протега од задникот достапалата.

Ишијасот настанува поради дегеративните промени и прераното стареење на дискусите меѓу прешлените, исто така настанува и поради неправилното одење и седење, носење на обувки на висока потпетица, истегнување на мускулите, подигнување на голем товар, вишок килограми.

Оштетениот дискус и воспаление на седечкиот нерв може да предизвика ишијас.Најчести симптоми се болка и вкочанетост во лумбалниот предел на ’рбетот, кои вообичаено се јавуваат после некој напор, свиткување и подигнување товар.

Болката од долниот дел на грбот се спушта преку колкот, задниот дел од надколеницата, преку подколеницата се до прстот од ногата. Болката може да биде тапа, силна и остра, привремена или постојана, а со зголемување при секој напор, кашлање, кивање и често е проследена со трнење.

Подигнување на ногата во лежечка положба води до истегнување на нервот ишијадикус и појава на болка.

Денеска ќе ви напишаме природен лек за негово лечење

Од кажувањето на многу луѓе, овој лек  е многу едноставен и делотворен против ишијас.

ПОДГОТОВКА:

Се толчат 4 чешниња лук и се ставаат во 1 чаша (200 мл) пресно млеко.

Доколку сакате да постигнете побрз ефект, пијте дневно по 2 дцл од овој лек. Едноставен, брз и многу лековит.

Advertisement