00032035Не само дамите кои стануваат мајки за прв пат, но и младите татковци се загрозени од појава на поспородилната депресија, покажуваат резултатите од новото истражување.

Најголемиот ризик од  депресија ги напаѓа татковците во раните 20-ти години и тие многу тешко ја прифаќаат таа нова фаза во нивниот живот. Поради тоа, лекарите советуваат младите родители добро да ги испитаат ризиците пред да се одлучат на тој чекор, пишува БГНЕС.

Според резултатите од истражувањето, 68% од мажите на возраст од 25 се загрозени од депресија откако станат татковци.

Резултатите објавени во американското списание “Педијатрија” покажуваат дека младите татковци најчесто запаѓаат во различни состојби и расположенија. Според американските научници, резултатите  можат да доведат до донесувањето на соодветни мерки за надминување на психичките нарушувања.

“Родителската депресија има разурнувачки ефект врз децата, особено за време на првите 5 и најосновните години од животот на секое дете. Ние треба да им помогнеме на младите татковци, што е можно побрзо да поминат низ периодот на адаптација и целосно да ја исполнуваат својата улога ” – коментира професорот Крег Гарфилд, кој го спровел истражувањето.