Младата зелена пченица – извор на здравје

Младата зелена пченица е најголем тренд во алтернативната медицина. Таа е полна со здрави и корисни состојки за човечкиот организам. Кога младата пченица се одгледува во органски услови, таа  содржи 90% од сите минерали присутни на земјата. Лековитите својства и се многу големи и се користи највеќе како сок.

mlada zelena p;enica

ПРОТИВ ШТО СЕ КОРИСТИ МЛАДА ПЧЕНИЦА

Младата пченица има јако детоксикациско дејство и е извор на антиоксиданси, што значи дека ве штити од многу болести. Овој природен комплекс на витамини и минерали, кој е преполн со хлорофил и ензими делува детоксично на лимфниот систем, крвотокот, јетрата и желудникот. Таа ги неутрализира и елиминира отровите и слободните радикали во организмот.

Сок од младата пченица делува против чешање, ги отклонува акните, ги лечи заболувањата на дишните органи и органите за варење. Постојат некои укажувања на научниците дека таа штити и од радијација.

Благотворно делува на косата, кожата и ноктите. Се препорачува кај луѓето со слаб имунитет, кај луѓе изложени на зголемен психички и физички напор, после операција и после опоравување од некоја болест. Посебно е корисна за дијабетичарите. Посебна популарност таа доби откако некои луѓе напишаа текстови дека се излечиле од рак.

Сок од пченица се приготвува  така што ќе земете еден ракофат од неа и чаша вода, ќе ја ставите таа смеса во сечкалица и откако ќе биде готова, ќе ја процедите преку газа и ќе пиете. Полна е со здравје и затоа користете ја почесто.

Scroll To Top