Сода бикарбоната е повеќенаменски производ, кој освен што се користи во прехрамбената индустрија, има и голема примена во секојдневието како средство за олеснување на низа симптоми и дополнување на третманите за нега и разубавување на кожата.

Содата има особено корисна намена за правилно чистење на овошјето и зеленчукот пред нивното консумирање.

Нутриционистите препорачуваат свежите производи да се остават дваесетина минути во сад со раствор од вода и сода бикарбона ( една лажичка сода на 250 мл вода). Во растворот може да се додаде и една лажичка оцетна киселина. Потоа овошјето и зеленчукот треба темелно да се измијат под млаз вода.

За овошје со мека структура, како малини и јагоди, времето на отстојувањето во растворот треба да биде пократко, околу 10 мин.

Се смета дека овој начин на миење на свежите производи овозможува полесно и поуспешно отсранување на наталожените нечистотии и микроорганизми, а што е уште поважно се отстрануваат и хемикалиите и пестицидите со кои се третираат овошјето и зеленчукот.