Препаратите од див костен кои особено им се препорачуваат на луѓе со слаба циркулација, болни вени или хемороиди, треба да се користат штом ќе се појават првите болни симптоми.

Иако е многу лековит, дивиот костен бавно делува, па со превентивата и лекувањето на тегобите почнете што порано.

Покрај разните козметички производи што содржат костен, можете да приготвите и специјален мелем од овој лековит плод.

За мелем од костени ви требаат:

12-15 зрели плодови див костен и 2,5 дл коњак.

Костенот изрендајте го ситно заедно со лушпата, ставете во тегла и прелијте со коњак. Оставете да отстои 6-8 недели. Неколку капки додадете во вода и пијте за циркулација, проширени вени, хемороиди…

loading...
Сподели