Мешавината на овие две состојки особено е делотворна кај луѓето кои се исцрпени и имаат слаба крв, а погодна е и за лекување на хипертензија. Ви го претставуваме рецептот за како да го подготвите тој лек.

Во комбинација со мед, оревот претставува исклучителен природен лек поради тоа што организмот го осигура со сите неопходни витамини, минерали, протеини, масти и јаглени хидрати.

Мешавината од овие две состојки особено делува кога сте исцрпени и доколку имате слаба крв.

Лекот се подготвува така што 500 грама мед ќе се помеша со исто толку мелени ореви и еден лимон. Од оваа мешавина се зема по една лажица на секои три до четири часа сè додека да забележите подобрување.

За лекување на хипертензија и анемија предизвикани од намалено железо, секојдневно треба да се внесуваат 100 грама ореви со иста количина на мед, а тоа треба да се практикува 45 дена.

За чир, стрес, анемија и инфекции – 1.000 причини да јадете смокви Смоквата освен што е вкусна, многу е хранлива и помага за нашето здравје.

Ако со денови не можете да одите во тоалет, смоквата е лек, а помага и за проблеми со желудникот, за чир на желудникот, за анемија и други тешки состојби.

Го подобрува и помнењето, концентрацијата, а помага и за намалување на стресот.

Компотот од смокви делува буквално како лаксатив. Кога ќе се нанесе на кожа смоквата делува и против херпеси, рани и инфекции.

Користете ја често, богата е со калциум, кој помага и за коските, како и остеопороза, а поволни се и за бремени жени и деца.

Смоква (науч. Ficus carica) е медитеранско дрвенесто растение од родот фикус. Дрвото е ниско со разгранета крошна. Нејзиниот плод се употребува во исхраната како свеж, така и сув.

Смоквата е листопадна билка со многу разгранета кошница. Старите гранки се сиви, додека младите тамнозелени. Листовите се наизменични, големи и неправилно палчесто делени. На младимте гранки при дното се наоѓаат залистоци. Ситни цветови се наоѓаат во вдлабвната крушвидна оска на цветот. Плодот е цветен плод; ситните плодови се поврзани се со сочна крушовидна оска на светот. Цвета од мај до јуни. Опрашувањето кај смоквите е врзано за животниот циклус на една сорта осилки и сакриен је од очите на луѓето.

Стаништето на смоквата е на топлите, заштитени места. За татковина на смоквата се смета југоисточна Мала Азија, односно земјите од источното Средоземје. Од каде што е распространета првенствено во пределите си медитеранска клима. Билката најубаво успева во топлите краишта, во близина не мора, но може да се одгледува и во континентаните предели. Поради тенката кора, таа е осетлива на ниска температура.

Лековитата моќ на смоквата

Богатиот хемиски состав условува висока хранлиова вредност на ова овошје.Плодовите од неа се употребуваат во свежа и преработена состојба. Погодни се и за сушење. Тие се ценат како хранливо и диетално средство за регулирање на активностите на дигестивниот систем и при кардиоваскуларни заболувања.

Листовите од смоквата се препорачуваат при дијарејата, дизинтерија, кашлица, болки во стомакот и цревата. Надворешно се користи за нанесување на рани и чирови на кожата, против првут и исто така го чисти и заздравува епидермисот, потоа служи за гаргара- призабоболка и болно грло.

Листови од смоква

Во форма на напивка – 1 лажица сецкани листови се варат 1-2 минути во една чаша вода и се оставаат да отстојат 30 минути. Се пие три пати на ден по една чаша. Една чаша од истата напивка, измешана со половина лажичка маслиново масло, претставува многу добро средство против нервни грчеви.

Против првут се користи истата напивка, само што на почетокот пред да зоврие се додава 1/2 лажичка морска сол и една лажица вински оцет. Се нанесува на коренот на косата. Смоквата исто така се корсити за правење на џем, мармалад и познатото слатко од смоква.

loading...
Сподели