Медот и маслиновото масло – ризница од здравје

Honey with honey dipper

Мед

Медот ја подобрува работата на сите органи, ја поттикнува умната и физичката активност, го зголемува имунитетот и му дава сила на целиот организам, бргу и потполно се апсорбира. Ја подобрува отпорноста на организмот за инфекции и зарази затоа што има антисептичко делување. Хигроскопот ја врзува и отстранува непотребната вода од организмот. Одличен е против кивавица, настинки и суво кашлање. 

Ја подобрува апсорпцијата на лековите и ги прави поделотворни, а го заштитува организмот од штетните остатоци на истите. Исто така има позитивно влијание на отстранувањето на забните наслаги. 

Во зависност од нектарот од кој се добива има разни видови мед, кои се разликуваат по бојата, составот, вкусот и мирисот. Така потемниот мед е побогат со минерали од посветлиот.  

maslinovo maslo 12
Маслиново масло 

Благотворно и тераписко делување на маслиновото масло се спомнувало уште во времето на Хипократ – таткото на медицината. Со векови жителите на медитеранот ја користеле состојката на маслиновото масло во разни видови на еликсири, козметики и што уште не. Маслиновото масло спаѓа во најстарата тајна на кујната. 

Староримската филозофија на долговечноста спомнува две клучни нутритивни намирници: вино и маслиново масло. Маслиновото масло го задржува целиот свој квалитет, заради начинот на кој се произведува. 

Најздраво е секако она маслиново масло кое се произведува и рафинира на природен начин, односно со филтрирање на маслинки. Нутриционистички гледано, маслиновото масло произведено на овој начин е храна богата со хлорофил и картонодим кои служат како природни антиоксиданси и спречуваат настанување на наслаги. Антиоксидансното дејство на маслиновото масло е толку добро благодарение на витаминот Е, кој овде се наоѓа во најдобар облик. 

Scroll To Top