Сите знаеме за мултивитаминските таблети, сте слушнале секако за т.н. топач на масти L-carnitine, за разубавувачот – коензим Q-10, личниот телохранител на простатата – ликопенот, како и многу други. Но дали сето ова е корисно да го примате преку таблетарна форма, или подобро е по природен пат, преку здрава исхрана? 

Сите органски соединенија од типот на витамини, антиоксиданти, ензими итн, се присутни во две форми. Тоа се оние т.н оптички изомери. Нашите ензими ги препознаваат само L – формите на соединенија кои и ги има во природата. Синтетизираните форми се наоѓаат во двете форми, “L” и “R”, односно лева и десна. Левата форма ќе ја искористиме, но десната ќе остане дополнителен товар за нашите бубрези и црниот дроб. Но, како старееме треба да ги зачуваме овие два органи бидејќи ни се потребни! Тогаш зошто да ги преоптоваруваме?

После низа истражувања и консутации со лекари-експерти, нутриционисти и фармацевти дојдено е до листата од следниве 17 суплементи кои се најкорисни за мажот, кои може да се внесат преку секојдневната исхрана.

Ова се најдобрите 17 суплементи за мажи:

1. L-carnitine (две во едно)

Ако сте спортисти знаете се за него, го има во течна, прашкаста или таблетарна форма. Оваа амино киселина го забрзува процесот на топење на масти во мускулите, каде и природно се наоѓа.

Природен извор на L-carnitine : месото (било црвено, бело или розево) и млечните производи.

Ја заштитува сивата маса во мозокот од алкохол, стрес и стареење.

2. Коензим Q-10 (за проблеми со притисокот)

Ја подмладува кожата, го намалува крвниот притисок, ги поправа крвните садови, го зголемува бројот на сперматозоиди, помага при топење на масти. Го има како крем, или таблети.

Природен извор на коензим Q-10  риба, месо, јајца и брокула.

3. Витамин D (за слаби коските)

Овој витамин е виза за калциумот да влезе во коските. Без него калциумот ќе остане во крвта или ќе биде излачен бреку бубрезите. Меѓутоа во најновите истражувања е потврдено дека го намалува ризикот за депресија, за карцином на дебелото црево како и срцевиот ризик.

Го има во рибата, млекото и млечните прозводи. Но не заборавајте треба да се исончате за да се активира 🙂

4. Рибино масло (за срцеви заболувања)

Омега-3 масните киселини се засилувачот на HDL, или т.н добар холестерол. Го намалуваат крвниот притисок и ја подобруваат срцевата работа. Когнитивните способности се зголемуваат, се намалува воспалението и ризикот од рак на простата и дебело црево.

Го има во рибата, најмногу во скушата.

5. Глукозамин (за болка во зглобовите)

Тој е потпора, ѕид за зглобната површина. Глукозаминот може да ја намали болката и да го одолговлечи појавувањето на неизбежниот остеоартит. Некои истржувачи сметаат дека е подобар и од аналгетиците кога се работи за зглобната болка. Малку е потешко да се најде во исхраната и е еден од одобрените суплементи.

Природни извори : шкампите, јастогот или францускиот специјалитет од говедска коскена срцевина.

6. Витамин Ц (повреди)

И покрај прекумерната употреба на витамин Ц, сепак 30% од мажите воопшто не го примаат. Од борба со слободните радикали, преку забрзување на апсорпција на железо и калциум од дигестивниот тракт па до изградба на крвните садови. Штити од оние микро повреди на малите крвни садови при спортските активности. Најефтин од сите суплементи, но исто така и најраспространет. Ако јадете овошје и зеленчук не ви требаат таблетарните форми.

7. EGCG (за вишок на масти)

Овој антиоксиданс откриен во зелениот чај се здоби со светска слава. Секаде го има и сите го пијат. Оние кои пред тренинг пијат по една шоља зелен чај имаат за 30% забрзување на топењето на мастите.

8. Ликопен (чуварот на простатата)

Го има во доматите, во кечапот, во сосот за пица, во сушените домати во сокот од домати и во се што има домати. Од скоро се знае дека превентивно делува врз појава на рак на простата. Една корисен совет за него е тоа што термички преработен е полесен и подостапен за апсорпција.

9. Магнезиум (за мигрена)

И покрај тоа што однсот мажи спрема жени за појава на мигрена е 1 спрема 5 сепак мора да се издвои магнезиумот. Делува на крвните садови во мозокот со што им ја регулира циркулацијата и дотокот на крв во мозокот.

Може да се најде во листестиот зеленчук, семките од тиква, кафето и јаткастите плодови.

10. Растителни влакна (за дијабетес, опстипација, хемороиди)

Се што е интегрално, се што има лушпа. Механизмот на дејство е многу едноставен. Ратителните влакна го зголемуваат волуменот на содржината од дигестивниот тракт и со тоа му ја олеснуваат неговата работа.

11. Пробиотици (за нарушена перисталтика)

Бактериите и не се секогаш така лоши. Ако антибиотик значи против бактерии, пробиотикот значи за бактерии. За цревната флора која што синтетизира витамин К, која што се бори со лошите бактерии од надвор. При дијареа или запек. Може да се прима како таблети, или преку природна храна како јогурт, кисело млеко, кефир.

12. Ресвератрол (стареење)

Не можеме да го запреме времето, но можеме да го успориме. Ајнштајн ова го докажа преку теоријата на релативноста. А во пракса би се рекло: во црвеното грозје се наоѓа овој антиоксиданс кој помага при поправката на ДНК во процесот на стареење, го зголемува протокот на крв низ виталните органи и го намалува ризикот од рак на простатата и дебелото црево. Може да се внесе преку консумација на црвено вино, вински оцет, балсамико, маџун и слатко од грозје.

13. SAMe (депресија)

Ако нешто им се доближи на антидепресивите тоа е оваа молекула. Механизмот не дејство не е баш добро проучен, но истражувањата потврдија доста задоволувачки резултати. За жал, ја нема никаде во исхраната. Оваа молекула ја создава самиот организам после јадење на месо, портокали и зелена салата.

14. Кофеин (крал над сите)

Освен овие придобивки кои се насочени кон менталното здравје, кафеинот е добар и како топач на масти, зголемена издржливост при трнинзите, регулација на шеќерот во крвта, главоболки предизвикани од низок притисок, поспаност дури и намалува ризик за појава на Алцхајмерова болест.

Има една лоша страна тоа е зависноста. Немојте да пиете повеќе од 4 шољи на ден и не пијте ги наеднаш 🙂

Уживајте во кафето.Немојте да трошите пари на непотрeбни работи. Производителите на суплементи ќе ве изненадат секогаш со нешто ново, но потоа науката ќе потврди или ќе демантира.

15. Масло од лен

Убедуваа дека го намалува холестерол и се бори против срцевите заболувања, но науката докажа дека омега-3 во ова масло се во ALA – форма, која организмот се бори за да ја претвори во употребливата DHA или EPA. Да биде уште полошо, докажано е дека ги зголемува слободните радикали.

16. Ginko Biloba

Оригиналните тврдења дека ја подобрува меморијата и ориентацијата беа демантирани од долгите и скапи истражувања со плацебо кои покажаа дека гинко не е ништо поефикасен од плацебото. Заклучокот донесете го сами 🙂

17. Чај од кантарион

Првенствено се сметаше дека го подобрува расположението и делува антидепресивно што е и точно, но науката го обвини за интеракција со метаболизмот на 12 видови на лекови, вклучувајќи и антидепресиви, антибиотици, статини и други. Пијте го чајот, меѓутоа консултирајте се со лекар ако примате некаква терапија.

 

Advertisement