maslo psorijaza

Псоријазата е многу честа кожна болест, која ја карактеризира појава на црвени плаки покриени со сребрено-бели наслаги на кожата. Во западните индустријализирани земји се јавува со инциденца од 1,5% до 5%. Еднакво се зафатени двата пола, но болеста првпат може да се манифестира во детството или во доцните години од животот. Во повеќето случаи болеста има хроничен тек, но веројатно се наследува предиспозиција за јавување псоријатични лезии. Псоријазата не е ниту алергија, ниту заразна болест.

Масло против псоријаза

Литарско шише наполнете го со цвет од кантарион. Додадете една рака исечена ајдучка трева и цвет од невен, Ставете ладно цедено маслиново или сончогледово масло. Добро затворете го и оставете го на сонце на стои три недели. Потоа додадете 10 грама масло од клека и пет грама масло од лаванда.

Откако ќе се заврши со правењето на овој рецепт, измешајте и процедете, па со добиеното масло мачкајте ги болните места два пати на ден. Секој ден исчистете ја кожата со чај од дабова кора, три до четири лажици коњско опавче и три лажици стежа. Оваа мешавина варете ја во еден литар вода околу 10 минути. Со оладената течност исчистете ја кожата, исушете ја и намачкајте ја со подготвеното масло.