Масло од рузмарин

Ова божествено масло е многу добро за концентрација и делува како стимуланс за мозокот. Помага во функцијата на респираторниот систем, а досега се покажало дека е навистина ефикасно за астма, бронхитис, синуси и за кашлица. Доста ефикасно е за кожата, како што се дерматитис и акни.

Делува многу позитивно врз скалпот и косата, ја зголемува циркулацијата на скалпот и растот на косата. Многу е корисно затоа што го стимулира задржувањето на водата за време на менструалниот циклус, но одлично е и против дебелеење и целулит. Благодарение на сите овие карактеристики е многу популарно етерично масло.

Маслото од рузмарин му дава сила на телото, но исто така може да ги лекува деликатните органи. Според современите истражувања направени врз маслото од рузмарин, докажано е дека ова масло има изразено делување на мозокот и централниот нервен систем, а исто така е одлично средство против менталниот умор и депресија.

Scroll To Top