
Лековитите својства на бршленот (Хедера хеликс) се познати со векови. Покрај неговата употреба против респираторни проблеми како експекторанс, тоа е исто одлична помош при бројни проблеми со кожата.
Најпријатно е да се користи како масло за масажа. Богато е со сапуни, флавоноиди, есенцијални масла и има стимулирачки и релаксирачки ефект врз целото тело.
Рецепт:
Свежите лисја од бршлен може да се искинат во текот на целата година бидејќи растението е зимзелено.
Соберете 100 гр лисја и мелете ги со машината за месо.
Потоа смесата ставете ја во стаклена тегла и пополнете ја со 500 мл. бадемово масло или маслиново масло ( по можност ладно цедено).
Оставте ја вака затворената теглата да отстои уште 14 дена на прозорецот. Од време на време протресете ја.
Потоа исцедете и ставете во темни шишенца и чувајте ги подалеку од сончева светлина.
Така добиеното масло од бршлен е многу корисно за разни масажи.
Се препорачува и за целулитна масажа. Маслото е многу богат со витамин Е.
Добро е пред масажата малку да го загреете маслото и потоа да го втриете во кожата.