Мангото штити од рак на белите дробови!

mango11

Мангото е овошје кое не е многу познато на македонскиот простор, а во светот е познато како свето овошје, бидејќи будистите веруваат дека Буда добил просветлување, седејќи под ова дрво. Во јавноста мангото е познато и како тропска праска, а неговиот вкус потсетува на измешани вкусови на праска, ананас и портокал. Освен што е едно од најслатките овошја и одлично освежува на летните горештини, мангото во себе содржи големо количество на каротеидни состојки (алфа каротен, бета-криптоксантин и многу други) кои можат да дадат одредена заштита од неколку видови на канцер.

Мангото е плод богат со диетални влакна, витамини, минерали и поли-фенолни соединенија. Истражувањата покажуваат дека ова овошје штити од рак на дебелото црево, леукемија и рак на простата. Плодот е одличен извор на витамин А и флавоноиди како бета-каротин, алфа-каротен и бета-криптоксантин. 100 г свежо овошје обезбедуваат 765 мг или 25% од препорачаната дневна доза на витамин А.

Потрошувачката на овошје, богати со каротин го штити организмот од рак на белите дробови и на устата.  Свежиот плод е богат извор на калиум кој е важна компонента на клеточните течности и помага за контрола на срцето и крвниот притисок. Плодот е добар извор на витамин Б6, витамин Ц и витамин Е. Потрошувачката на храна богата со витамин Ц помага на телото да развие отпорност против инфективни заболувања. Бакарот во мангото помага за производство на црвени крвни клетки.

Advertisement