Мала сипаница

malisipanici

Малата сипаница е многу често заболување кај малите деца од предучилишна возраст. Започнува со висока температура и болки по телото,течење на носот, кашлање, кивавица, воспаление на крајниците, а во слузницата на устата се јавуваат белчестосиви наслаги. По неколку дена се јавува сипка по телото и екстремитетите.Предизвикувач е вирус. Се пренесува најчесто директно од болен на здрав човек. Извор на заразате е секретот од носот и грлото,откинатите делови од сивобелчестите наслаги, Пренесувањето може да биде и индиректно, преку загадени предмети. Влезно место е слузницата на грлото, носот, коњуктивитите, раните на кожата.Најчесто заболуваат деца од 2 до 5 години ,а по прележувањето се здобиваат со траен имунитет.

Scroll To Top