Освен многуте други придобивки од лимонот, неговиот сок можете да го искористите и за природно избелување на ткаенината што сте ја исфлекале или со тек на време придобила сивкаста или жолтеникава нијанса.

Едноставно, додадете четвртина или половина филџан лимонов сок во машината за перење во делот за прашок, и ќе бидете задоволни со резултатот. Или потопете ја белата облека во сад со врела вода во која исто така сте додале лимон, односно неколку кришки.

После два часа облеката исперете ја вообичаено и повторно очекувајте да видите фантастични резултати. Во случај ако облеката е многу исфлекана, оставете цела ноќ да отстои во вода со кришки лимон.

loading...
Сподели