Магдоносот,за добро здравје

Ова мало темно-зелено растение кое го има во градините, продавниците и чиниите со салата во секое македонско домаќинство, има убав вкус и широка палета на примени во нашата традиционална кујна.

magdonos-660x300Оваа билка иста така на големо се користи и во медитеранската кујна, источна Европа, како и во американската кујна. Есенцијалното масло еугенол кое се наоѓа во ова растение има употреба како терапевтско средство во стоматологијата како локален анестетик, и антисептично средство за болестите на забите и непцата.

Еугенолот исто така го намалува нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите. Растението е богато и со калиум, манган, железо и магнезиум. Во 100 грама свеж магдонос има 554 милиграми, односно 12 посто од потребната доза калиум. Богат е и со витамини А, бета-каротен, витамин К и фолати.

Зеа-ксантинот помага при борбата со макуларна дегенерација во мрежичката на окото кај популацијата од постара возраст.Листовите на магдоносот, како и стемите и корењата имаат антисептични и карминативни својства.

Еугенолот исто така го намалува и шеќерот во крвта кај дијабетичарите. Сепак, треба да се обават и понатамошни истражувања за да се потврди ова позитивно својство.

Advertisement