Калциумот има бројни и важни функции во човечкиот организам.Освен што ја ствара коскената маса и спречува остеопороза, калциумот ја нормализира работата на нервите и мускулите, го регулира откуцувањето на срцето, не дозвоaлува згрутчување на крвта и помага за добро спиење.

Има многу причини поради кои се губи калциумот во организмот. Седечкиот начин на живот, кафето, алкохолот и газираните пијалоци се најголеми причинители за недостаток на калциум во организмот. Најмногу калциум губат трудниците, жените во менопауза, постарите мажи и луѓето кои имаат проблеми со пробавата.

Затоа денеска сакаме да ви напишаме за лупката од јацето, која во себе содржи 90% калциум и е најдобар природен извор на тој минерал. Освен калциумот, лупката од јајцето содржи и други важни елементи, кои се потребни за човечкиот организам: железо, бакар, цинк, флуор, фосфор, хром и молибден. Зависно од животната доба, препорачана дневна доза  е 1.5 – 3 гр мелена лупка. Затоа е важно да знаете дека 1 лажица лупка во прах од сирово јајце, има  околу 5 гр и содржи 1600 – 1800 мг калциум. Еве неколку рецепти од лупка од јаце, кои можат да ви помогнат, природно да лечите некои болести:

Штитна жлезда

Лупки од 8 јајца добро се мијат и се сушат. Тие се дробат, се преливаат со сок од 2лимона и се оставаат во фрижидер неколку дена. Кога лупката ќе се стопи, течноста се цеди и се меша со 1 л ракија и 1 кг мед. Оваа смеса отстојува 7 дена пред да почне да се употребува. Се јаде 2-4 пати на ден по 1 лажица од смесата, после јадење.

Гастритис

1 лажица мелени лупки се мешаат со 1 лажица шеќер и 1 лажица мелено мускатно оревче. Таа смеса се користи 20 дена, 3 пати на ден по една лажица.

За јакнење на организмот и прочистување на крвта

Лупки од 4-5 јајца се мијат добро, се дробат и се стават во 3 литара вода. Оваа вода се чува една недела во фрижидер и се користи како вода за пиење. Дневно се пие по 2-3 чаши, со малку лимонов сок.

loading...
Сподели