Постојат многу природни препарати кои помагаат за различни здравствени состојби. Прочитајте го рецептот за овој домашен лек кој лесно и едноставно се приготвува.

Неговото поле на делување е навистина широко а неговите лековити својства успешно помагаат за елиминирање на повеќе болести.

Овој лековит напиток е наречен „млеко од лук“ бидејќи се приготвува од топло млеко и лук.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 500 мл млеко
  • 10 чешниња лук
  • 2-3 мали лажици шеќер или мед
  • 250 мл вода

ПОСТАПКА:

Измешајте ги млекото и водата во едно тенџере. Ставете го и излупениот и исечкан лук, па ставете на оган, на умерена температура.

Полека нека се готви додека да испари половина од течноста. Потоа процедете и додадете шеќер или мед, за подобрување на вкусот. Најдобро е да се пие додека е топло.

УПОТРЕБА:

Еве за што се’ може да ви помогне овој лековит напиток:

Астма – Симптомите од астма значително ќе се ублажат доколку покрај овој напиток, секоја вечер изедете и три чешниња лук. Користете помали чешниња кои можете цели да ги проголтате за да ја одбегнете миризбата. Но многу ќе помогне ако и само го консумирате овој пијалак трипати дневно.

Пневмонија – Напитокот се покажал многу успешен во лекувањето на пневмонија: трипати дневно, пред јадење.

Срцеви проблеми – Овој напиток го намалува лошиот холестерол, спречува згрутчување на крвта и го подобрува циркулаторниот систем. Користете млеко со ниска масленоста за да биде лекот поефикасен.

Лекување Жолтица – Млекото со лук многу успешно ги елиминира токсините од организмот бидејќи ги активира ензимит на црниот дроб. За детоксикација на црниот дроб му е потребен сулфур, а лукот е одличен извор на оваа материја.

Покрај тоа, содржи алицин и селен, го подобрува производството на жолчката и ги намалува мастите. Особено се препорачува за лекување на замастен црн. За лекување на жолтица треба да се консумира трипати дневно, 4-5 дена редовно.

Артритис – млекото со лук ако се консумира на дневна основа – значително ќе се намалат симптомите на артритис, вклучително воспалението и болката, лумбоишијалгија и други болки во грбот.

Несоница – поради своите смиувачки ефекти, овој напиток овозможува мирен и квалитетн сон, па може да се користи за третирање на инсомнија.

Кашлица – Во млекото од лук додадете едно лажиче куркума во прав, па ќе добиете одличен антибиотски напиток. Лукот има антибактериски ефекти а со додавање на мед, добивате комплетен пијалак за ослободување од кашлицата.

Туберкулоза на белите дробови – Користете 1 кг лук, 250 мл млеко и 1 литар вода. Сварете ги сите состојки на умерена температура додека да испари течноста и остане само една четвртина. Консумирајте го овој лек трипати дневно.

Холестерол – холестеролот успешно се намалува доколку се пие трипати дневно во текот на една седмица. Ефекти: се намалува нивото на лошиот а се зголемува нивото на добриот холестерол.

Дигестија – Кога станува збор за зајакнување на имунолошкиот систем и одржување на дигестивното здравје, лукот е еден од најефикасните намирници бидејќи поседува моќни антисептички својства.

Исто така, многу е корисен за лимфата, за елиминирање на на токсичниот отпад од телото. Лукот го поттикнува лачењето на дигестивните сокови и помага при цревни болести (дијареа).

Импотенција – млекото со лук може да ја излекува импотенцијата, а исто така помага и при некои видови неплодност и кај мажите и кај жените.

Ишијас – Млекото со лук е ефикасен лек за нервни болки и ишијас. Можете да ги намалите болките со консумирање на овој напиток, во текот на извесен период.