Лук и јаболка против дијабет

jabolka i luk

Полифенолот мирицетин, кој го има во јаболките и лукот ги штити пациентите со дијабет тип 2 (шеќерна болест) од компликациите кои обично се јавуваат во доцниот стадиум на болеста.

Јаболката и лукот се здрави намирници. Тие се дар од природата кои помагаат при проблемите поврзани со срцето, очите и нервите, од кои страдаат повеќето дијабетичари во подоцниот стадиум на болеста.

Биохемичарите од Универзитетот во Алахабад откриле дека полифенолотмирицетин кој го има во јаболките и лукот, може да ги заштити црвените крвни зрнца на дијабетичарите од штетните ефекти на оксидативниот стрес и да го ублажи развојот на компликациите кај пациентите со дијабет тип 2.

„За просечниот човек дијабетот е болест која се манифестира во висока концентрација на гликозата во крвта. Иако нивото на гликозата во крвта може да се контролира со лекови или со промени во начинот на исхраната и навиките, основниот проблем на дијабетисот сепак останува присутен“, изјавил Dr. S. Rizvi, водачот на истражувањето.

Според Dr. Rizvi, постојат многу причинители за дијабетот на генетско ниво, па затоа не е лесно да се лекува оваа сложена болест.

„Едно од основните промени кај дијабетот е состојбата на т.н оксидативен стрес, кој е поврзан со развојот на компликациите кај дијабетичарите во доцниот стадиум на болеста, како што се невропатијата (ги погодува нервите), васкуларните компликации кои ги погодуваат крвните садови и срцето, ретинопатијата (оштетување на крвните садови во окото) и оштетувањето на бубрезите“, објаснува Dr. Rizvi.

Неговиот тим советува контролирање на оксидативниот стрес, а со тоа и компликациите кои настануваат во доцниот стадиум на дијабетот тип 2 со додатоци на исхраната кои се богати со антиоксиданци. Природни извори на антиоксиданси се овошјето, зеленчукот интегралните житарици..

Scroll To Top