Лубеницата е поздрава и од морковите за видот

lubenicaСпоред многи испитувања, лубеницата има позитивен ефект врз здравјето на срцето, кој се должи на присуството на аминокиселината цитрулин- прекурсор за синтеза на аргинин. Тие покажуваат дека аргининот го намалува крвниот притисок, згрутчувањето на крвта и штити од мозочен удар. Според студијата објавена во списанието Нутриционист, по тринеделно редовно пиење на сок од лубеница, нивото на аргенин се зголемило за 22%.
Црвената боја на лубеницата доаѓа од растителните пигменти, меѓу кои најважен е ликопенот. Колку е позрела лубеницата, толку е побогата со овој моќен антиоксиданс. Ликопенот и другите антиоксиданси од лубеницата, витаминот Ц и бета каротенот, ефикасно ги  онеспособуваат слободните радикали и на тој начин го штитат организмот од болести. Познато е дека слободните радикали ја забрзуваат оксидацијата на холестеролот и го зголемуваат ризикот од артеросклероза.
Во 100 гр лубеница има само 30 калории. Богата е со витамин Ц, А, Б1 И Б6. Комбинацијата од состојки во лубеницата ги ублажува процесите на оштетување на видот, поврзани со стареењето. Истражувањата покажуваат дека лубеницата е поздрава за очите дури и од морковите.

 

Advertisement