Лимонада со ливанда – најмоќниот лек против главоболка го доведува во баланс целото тело

Лимонадата со лаванда е еден од најприродните лекови против главоболка и телото го доведува во баланс.Подгответе ја од исушени цветови или етерично масло од лаванда.

Освен што освежува совршено, лавандата ги опушта сите сетила.Ако имате проблеми со главоболка, кои произлегуваат од честите промени на времето, секако испробајте го овој лековит рецепт. Не само што ќе ги смири симптомите,туку и целото тело ќе го доведе во баланс.

Цветовите на лаванда се богати со етерични масла,кои содржат преку 150 активни состојки.

Овој напиток делуваат против габични инфекции, воспаленија, бактерии, депресија, микроорганизми, грчеви, го чистат организмот,го намалуваат крвниот притисок а имаат и аналгетски и седативни својства.

Бројни студии го докажале благотворниот учинок на етеричното масло од лаванда во ситуации на силен стрес. Лавандата може да делува поситивно врз балансот на телото, до таа мерка што во некои светски познати болнички центри, аромотерапијата со лаванда е прифатена терапија и во предоперациската подготовка на пациентот.

КАКО СЕ ПРИГОТВУВА ЛИМОНАДАТА СО ЛАВАНДА?

Потребно ви е:

  • ¼ шолја исушени цветови од лаванда или една капка етерично масло од лаванда,
  • 6 лимони исцедени,
  • една мала шолјичка мед,
  • 5 шолјички вода.

Сварете половина од водата и тргнете ја од шпоретот. Во водата додадете го медот и лавандата. Оставете да отстои 20 минути, процедете го и ставете го во поголем сад. Додадете го сокот од лимон, остатокот од водата и добро измешајте го.

Лимонадата добро изладете ја пред да ја консумирате.

Advertisement