Лимонада и цинк! Задолжителен напиток во текот на пандемијата и сезоната на грип

Ако имате симптоми на коронавирус, обичен грип или едноставно грлото ве гребе поради алергии или обична настинка, стручен совет е да внесете што е можно повеќе течност во вашето тело. Течноста ќе спречи дехидратација на телото, што може да предизвика сериозни здравствени последици.

Затоа, се препорачува постојано да пиете по малку течност како што е вода, млак чај, чај од мед, кафе, лимонада, супи, итн.

Зошто лимонада?

Свежата лимонада е полна со витамин Ц, и тоа е овој витамин кој успешно се бори против сите видови вируси, вклучувајќи ги и коронавирусите. Се препорачува да пиете лимонада цел ден, но да не е студена. Можете да ја засладите со домашен мед, а за да го подобрите вкусот, слободно додадете и цимет.

Зошто цинк?

Цинкот е есенцијален минерал неопходен за добро здравје. Тој е неопходен за функционирање на повеќе од 300 ензими во нашето тело кои се одговорни за бројни метаболични процеси.

Цинкот е потребен за метаболизам на нутритиентите, за добро функционирање на имуниот систем и за полесна и побрза регенерација на оштетените ткива.

Недостатокот на цинк може да предизвика голем број физиолошки промени и проблеми. Некои студии покажаа дека земањето цинк во исхраната може да ја намали смртноста кај децата кои имаат акутна инфекција на долниот респираторен систем.

Храната богата со цинк помага во одржувањето на структурата на мозокот и целокупното здравје на нервниот систем.

Овој минерал е од суштинско значење за создавање резерви на инсулин и засилување на неговата функција.

Комплексот цинк и инсулин се наоѓа во клетките на панкреасот, а кога телото нема доволно од тој елемент, постои можност за дијабетес. Забележано е дека дијабетичарите имаат двојно помала количина цинк од нормалното.

За разлика од некои супстанции, телото не може да складира цинк, што значи дека е потребно дневно внесување цинк преку храна. Човечкото тело содржи околу 2-3 грама цинк.

Препорачаната дневна доза за жени е 8 mg на ден.

Кај бремени жени, овој број се зголемува на 11 мг, а кај доилки до 12 мг. Внесувањето цинк во бременоста ќе има позитивен ефект врз здравјето на мозокот на бебето.

СИМПТОМИ НА НЕДОСТАТОК ОД ЦИНК

Следниве симтоми можат да укажуваат на недостаток на цинк во организмот:

  • Опаѓање на косата;
  • Сува кожа и суви очи;
  • Губење на апетитот;
  • Чести настинки и слаб имунитетот;
  • Дијареја;
  • Намалување на тежината и сл.;
  • Слаб вид;
  • Неплодност;
  • Забавен раст кај децата;
  • Нарушена моторика и недостаток на концентрација;
  • Бавно зараснување на раните;
  • Алергии;
  • Акни и осипи,

НАМИРНИЦИ КОИ СОДРЖАТ ЦИНК ВО СЕБЕ

  • ЖИТАРКИ – Одлична причина да појадувате житарки:богат извор се на цинк. Многу од нив се збогатени со цинк со околу 25% од дневната препорачана доза по оброк. Житарките како пченица, киноа, ориз, овес исто така содржат цинк.
  • ОВЕС – Една од најдобрите комбинации за појадок е овесот што ќе ви овозможи доволно енергија во текот на денот. Покрај тоа, овесот го стимулира губењето на вишокот масти кои се наталожиле на стомакот и помога во согорување на најтврдокорните масти. Со него се регулира нивото на шеќерот во крвта, се намалува лошиот холестерол и се подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем, доколку се консумира редовно. Освен тоа, овесот изобилува со протеини, влакна и минерали.
  • ЈАЈЦА – Јајцата содржат мала, но значајна количина на цинк.
  • МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ– Одличен и превкусен извор на цинк се, а посебно сирењето, јогуртот и полномасното млеко. Млечните производи како сирење, кашкавал и млеко се одличен извор на многу нутриртиенти вклучувајќи го и цинкот. Ако не сте нетолерантни на лактоза, ова е одлична причина што почесто да ги јадете овие производи.
  • ЈАТКАСТИ ПРОИЗВОДИ – Кикиритки, индиски ореви, лешници, бадеми…сите овие јаткасти плодови се одличен извор на цинк. Особено богати се индиските ореви, 28g индиски ореви содржат 14 % од дневните препорачани количини на цинк. Индискиот орев и бадемите се здрави грицки кои можат да помогнат да внесувате што повеќе цинк во организмот. Освен тоа, споменатите јаткасти плодови и семки се природни извори на омега-3 масникиселини, протеини и минерали (првенствено на магнезиум), а цинкот кој го содржат секако се само дополнителен бонус.
  • СЕМИЊА – Некои семиња како семките од тиква и сусамот содржат значителни количини на цинк. Тие исто така се добар извор на влакна, здрави масти и витамини, што ги прави здрав додаток во вашата исхрана. Најмногу предничат семките од тиква, па доколку ги сакате, јадете ги почесто.
  • МЕШУНКИ – Мешунките како наут, леќа, грав и грашок се одлични извори на цинк.
  • МОРСКА ХРАНА – Морската храна е одличен извор на цинк. Школките содржат големи количини на цинк. 6 школки со средна големина содржат дури 32 g цинк што е многу повеќе од дневната препорачана доза. Исто така ракчињата се добар извор на цинк.
  • МЕСО – Месото е одличен извор на цинк, речиси сите меса се богат извор на цинк. Говедското, свинското, пилешкото и мисиркиното се само некои од најдобрите меса богати со цинк. Црвеното месо (телешко, јагнешко, свинско) е богато со железо, цинк, фосфор и Б витамини. Црвеното месо, поточно говедското, свинското и јагнешкото имаат огромно влијание врз балансот на исхраната поради својата висока нутритивна вредност. Со цел стабилизирање на нивото на железо во крвта, се препорачува да се внесува парче црвено месо во 3 оброка неделно.
  • ЦРНО ЧОКОЛАДО – Можеби не е толку слатко и млечно како обичното чоколадо, но затоа црното чоколадо е една здрава алтернатива за оние кои внимаваат на исхраната од кои било причини. Црното чоколадо не само што ќе ја задоволи потребата од шеќер во организмот, туку и ќе го обезбеди со доволна количина на цинк и железо.

Затоа, сè што можете да направите за време на пандемијата е да размислувате позитивно и да се грижите за вашето здравје. Бидете во добро здравје и почитувајте ги препораките за заштита од коронавирусот!

Advertisement