Ликерот од млади, зелени ореви е полн здравје

mladi zeleni orevi

Ликерот од зелени ореви е познат уште многу одамна под името ореховача. Тој се прави од млади зелени ореви. Освен што за многу луѓе е врвно задоволство за пиење, неговиот состав содржи многу придобивки корисни за здравјето на човекот. Нивната голема предност е тоа што содржат многу јод и витамин Ц во себе. Поради големото количество на јод што го содржат во себе, тие се препорачуваат на болните од штитна жлезда. За децата, исто така се препорачува мед со млади зелени ореви, против анемија и за зголемување на имунитетот на организмот. Зелените ореви во народната медицина важат како добар лек за прочистување на крвта, за габични инфекции, спречуваат  настанување на парадентоза,  го подобруваат варењето и се добри борци против холестеролот.

Потребно е:

1. 10 – 20 млади зелени ореви (во зависност од големината)

2. 500 грама  мед

3. 1 литар ракија

4. зачини  ( малку цимет,каранфилче, ванила)

ПРИГОТВУВАЊЕ 

Се берат кога се уште мали и треба да имаат величина колку лешник, односно при крајот на мај и почетокот на јуни. Добро се мијат и се сечат на половинка или четвртинка, во зависност од нивната големина. Се ставаат во тегла и врз нив се става  медот.  Одозгора се ставаат зачините и ракијата, и сето тоа заедно стои 45 дена. Секој ден се промучкува и бојата  му станува темна. Откако ќе биде готово, се цеди и се става во стаклена амбалажа. Се чува на ладно место и колку повеќе стои, толку е поубаво. Старите лица можат да пијат по една чаша секој ден.

 

Scroll To Top