Лековитоста на зачините

kopar

Голем дел од кујните во светот користат најразновидни зачини при подготвување на специјалитетите. Но, освен што ѝ даваат на храната посебен вкус, тие имаат и многу лековити и козметички својства. 

БОСИЛЕК 

Босилекот одамна се смета за природен антибиотик. Често се користел за смирување на рани од убоди на инсекти и змии како и за зараснување на раните. Бидејќи состојките во босилекот делуваат на смирување и освежување на кожата, тој се користи и во козметичките препарати, особено оние против сува кожа и акни. Препарати на база на босилек се користат и за релаксирање на мускулите, за смирување на стомачни грчеви и за јакнење на нервниот систем. 

ЖАЛФИЈА 

Има силно антисептичко делување, па поради тоа во минатото се палела во болничките соби. Делува и против габични инфекции и ги смирува воспаленијата на кожата и слузокожата. Бидејќи делува на работењето на лојните жлезди и на потењето, се користи и во козметиката. Кон тоа ќе додадеме и дека делува на полесно варење на масна и слатка храна. 

КОМОРАЧ (ДИВ КОПАР) 

Најчесто се користи при пореметувања кај варењето на храната како и кај проблеми со дишните патишта. Ја спречува надуеноста на стомакот и ги отстранува грчевите. Добар е и за искашлување и за лачење на слуз. Помага кај сузбивање на инфекции на мочните патишта. Особено е делотворен кај целулитот. 

ЛАВАНДА 

Лавандата отсекогаш се користела за нега на кожата, па ја употребувале уште старите Римјани. Таа ја чисти, смирува и освежува кожата и ја прави мека, нежна и млада. Помага и кај изгореници и при појава на егземи, псоријаза и акни. Го намалува потењето и помага во подобрување на здравјето на косата и ноктите. 

Advertisement