Лековитата моќ на смоквата


За татковина на смоквата се смета југозападна Мала Азија, но таа има индустриско значење во земјите околу Медитеранот и во други земји со блага клима. Смоквата успева добро само во јужните и топли области. Плодовите од неа се употребуваат во свежа и преработена состојба. Погодни се и за сушење.

Богатиот хемиски состав условува високата хранлива вредност на ова овошје. Тие се ценат како диетално и лековито средство, за регулирање на активностите на дигестивниот систем и при кардиоваскуларни заболувања. 

Листовите од смоква се препорачуваат при дијареа, дизентерија, кашлица, болки во стомакот и цревата. Надворешно се користи за нанесување на рани и чиреви на кожата, против првут, исто така, го чисти и заздравува епидермисот, потоа служи за гаргара – при забоболка и болно грло.

Начин на употреба

Во форма на напивка – 1 лажица сецкани листови се варат 1-2 мин во една чаша вода и се оставаат да отстојат 30 мин. Се пие 3 пати на ден по 1 чаша. Една лажица од истата напивка, измешана со половина лажичка маслиново масло е многу добро средство против нервни грчеви.

Против првут се користи истата напивка, само што уште на почетокот пред да зоврие, кон водата се додава 1/2 лажичка морска сол и 1 лажица вински оцет. Се нанесува во коренот на косата.

Scroll To Top