Сигурно ви е познато дека медот и лукот се многу здрави, но ќе се изненадите што се може да направи нивната комбинација.Овие познати лекови во народната медицина со своите моќни својства лечат многу заболувања, па затоа со причина се нарекувани и како природни антибиотици. Медот и лукот би требало да станат дел од вашето секојдневие, затоа што имаат голема моќ да го зајакнат вашиот имунитет.

Лукот не е само неизбежна намирница во кулинарството, туку и еден од најмоќните лекови за разни заболувања. Поголемиот дел корисни состојки на лукот доаѓаат од алицинот кој ги регулира холестеролот и крвниот притисок, ги ослободува дишните патишта, а се смета дека успешно лекува и артритис, но и канцер.

Најдобрите народни лекови секогаш содржат лук. Но сепак најдобро е лукот да се консумира необработен, за да има ефект.

Ако го јадете секој ден во комбинација со мед, по една недела значајно ќе си го подобрите здравјето. Токму со лук и мед можете да си го приготвите следниот лековит рецепт кој ќе ви го подобри имунитетот за една недела.

Состојки:

  • 340 грама домашен мед
  • 3-4 главици лук

Подготовка:

Исчистете го лукот и исецкајте го на ситни парченца. Во стаклена тегла ставете мед и додајте го лукот.Оставете ја смесата да стои сѐ додека состојките не се соединат. Покријте го садот и една недела чувајте ја смесата на место каде што не продира светлина. По седум дена ќе добиете природен лек кој е еден од најздравите во светот. Доволно е да консумирате една лажичка од овој лек секој ден, 7 дена по ред, па вашиот организам ќе доживее неверојатна промена.

Употреба:

Се консумира по една лажица дневно, наутро пред да јадете.

Совет:

Сирупот може да се разблажи со топла вода. Лекот се зема седум дена без прекин. Потоа две недели се паузира, па повторно се консумира седум дена. Садот чувајте го на собна температура.

Еве кои придобивки ви ги нуди оваа комбинација.

1. Го зајакнува имунитетот

Комбинацијата на мед и лук го зајакнува вашиот имунитет и ви помага да се борите против одредени болести, како и да ги спречите заразувањата.

2. Го штити срцето

Оваа комбинација ги чисти крвните садови од масти и со тоа спречува срцев удар.

3. Го лекува воспалението на грлото

Медот и лукот имаат благотворно дејство на воспаленијата, па затоа се и добри при уништувањето на инфекциите во грлото.

4. Помага при дијареја

Со помош на оваа комбинација можете да го зајакнете дигестивниот систем и да ги отстраните инфекциите. На овој начин ќе ги решите и проблемите со дијарејата.

5. Помага при сува кашлица

Медот и лукот се одлични за сува кашлица. Оваа комбинација го разводнува секретот и го отстранува воспалението. Исто важи и за синусите.

6. Помага при габични инфекции

Габите може да нападнат различен дел од вашето тело, но оваа мешавина е вистинска антибактериска бомба, која се покажала ефикасна и во овој случај. Најдобро е ова да го користите превентивно, со цел да ги спречите можностите од каква било инфекција.

7. Врши детоксикација

Комбинацијата од мед и лук е природна детоксикација за вашиот организам. Користејќи го овој лек, вие му давате на организмот втора шанса, затоа што медот и лукот го ослободуваат телото од сите отрови коишто претходно сте ги внеле. Исто така овој природен лек е добар и за стабилизација на холестеролот во крвта, а помага и во борбата со вишокот килограми.

Сподели