Лекарите објаснија зошто млада и здрава личност може да зарази со тежок облик на коронавирусот

Едно од најпоставуваните прашања за коронавирусот е прашањето зошто и млади луѓе од заболуваат со коронавирусот.

Факт е дека болеста може да биде со смртни последици најчесто кај постарите лица, но од време на време има и по некој помлад пациент кој претходно бил здрав, а сепак поради ковид-19 починуваат.

Во некои случаи, само по развивање на потешки симптоми Covid-19 се откриени состојби што не биле дијагностицирани порано, но има и такви кои сè уште немаат коморбидитети, а развиле потешки симптоми.

Постојат и неколку научни теории и зошто е тоа така. Некои истражувачи веруваат дека количината на вирусот која го инфицира пациентот може да има потежок исход доколку вирусот во поголема количина влезе во организмот.

Други тврдења се дека „виновна“ е генетската чувствителност, поточно поединечни гени нѐ прават поосетливи на коронавирусот.

Со ова се согласува и вирологот Мајкал Скинес од колеџ во Лондон.

-Можно е некои од нас да имаат поинаков генетски состав, поради што веројатно организмот лошо ќе се одговори на инфекцијата- вели тој за Гардијан.

Пример за таква чувствителност е вирусот на херпес симплекс. Кај некои луѓе, мутација која влијае на клеточните рецептори познати како TLR3 во централниот нервен систем не им дозволува да се справат со најлошото влијание на вирусот – така тие стануваат заразени со вирусот на херпес симплекс енцефалитис, што може да доведе до напади и конвулзии кај деца.

„Гледаме дека некои луѓе имаат сличен вид на подложност кај некои луѓе со болест„ Ковид-19 “,а тоа ги доведува до потешки симптоми“, рече Скинер.

Други, пак, сметаат дека големо оптоварување со вируси ги тера да имаат повеќе вирусни честички во телото отколку оние со помали.

– Сè уште не знаеме дали постои врска помеѓу големо оптоварување со вируси и полоши исходи. Тоа е една од најважните работи што треба сга да ги дознаеме“, рече вирологот Алисон Синклер од Универзитетот во Сасекс.

Српски имунолог Срца Јанковиќ пред неколку дена исто така предупреди дека секој може да се зарази.

-Секако дека може да се прележи вирусот и без симптоми, но постои и скриена „Ахилова пета“, односно предиспозиција  за која луѓето не знаат дека ја имаат, одредена медицинска сотојба, можеби немаат дијагноза, нешто што што било од одамна. Во моментов даваме приоритет да ги заштитиме постарите, но секој треба да води грижа за себе и да се однесува како да носи ризик во себе- истакнал Јанковиќ.

Advertisement