Псоријазата е многу честа кожна болест, која ја карактеризира појава на црвени плаки покриени со сребрено-бели наслаги на кожата.

Во западните индустријализирани земји се јавува со инциденца од 1,5% до 5%. Еднакво се зафатени двата пола, но болеста првпат може да се манифестира во детството или во доцните години од животот. Во повеќето случаи болеста има хроничен тек, но веројатно се наследува како  предиспозиција за јавување псоријатични лезии. Псоријазата не е ниту алергија ниту заразна болест.

Зафатени може да бидат помали или поголеми делови од телото, но може да ја има и на слузокожите, зглобовите и на ноктите. Понекогаш е присутно чувство на јадеж и болка, но главно пациентите немаат посебни тешкотии. Најчесто локализацијата е на лактите, колената, на долната половина од грбот и на кожата на главата. Промените не оставаат лузни и не предизвикуваат опаѓање на косата. Поради тоа сакаме да ви напишаме еден лек кој го имаат користено повеќе луге и кои се презадоволни од него.

ЛЕК ЗА ПСОРИЈАЗА

2 пати на ден пред јадење се пијат 10 капки улје од црн ким. Малите деца пијат толку капки колку што имаат години. Од нив се мачкаат и болните места (можете да го купите во билна аптека).