Лек против немирен сон!

valerijana

Валеријана (мачкина трева) е симбол за лек за лекување на нервни заболувања. Има силно дејство врз централниот нервен систем. Поседува седативно дејство и е силен лек за смирување на возбудени пациенти. Таа помага за лекување на главоболка како последица на нервна напнатост. Многу  добар лек е  за пациенти кои се потиснати и повлечени, кои имаат душевни маки, а кај пациенти кои имаат ментален замор делуваат стимулативно. Валеријаната се користела и кај пациенти кои паѓале во бесознание. Го намалува крвниот притисок кој е покачен поради психички проблеми, помага при тахикардија на срцето и ја смирува. Намалува и стомачни болки и помага за намалување на менструални болки. Еве еден рецепт кој може да ви помогне вам и на вашето семејство за помош при овие болести.

РЕЦЕПТ – 100 гр сув иситнет корен од валеријана се става во тегла и се залева со 500 гр разблажен алкохол. Тоа стои 10 дена со тоа што секој ден се меша, а 11 ден се цеди и напитокот е готов. Овој лек вака направен може да се користи 2 години. Ова е лек на нашите баби и дедовци, кои го користеле за лекување на немирен сон, нервна напнатост, раздразливост и отклонување на страв. Се зема 3 пати по 15 капки, со малку шеќер или 30 капки навечер пред спиење.

Advertisement