Болката обично почнува без никаква претходна повреда и се чувствува под петата, додека стоите или одите. Причината е воспаление на ткивото поврзано со петната коска.

Најчести причини за овој проблем се:

  • Чевли кои не одговараат
  • Преголема тежина
  • Болест на зглобовите
  • Ревматски артритис

Најдобро решение за ова се посебни влошки за чевли. Исто така, може да се обидете со ладни облоги, масажа на стапалата, истегнување на стапалото, влошки со перниче. Но има и природни рецепти со кои можете да си помогнете.

РЕЦЕПТИ

При многу јаки болки, направете облоги од компир. Компирот ќе го измиете и ќе го изрендате со лупката. Смесата ќе ја ставите на газа , а газата на болното место и така ќе врзете со најлон, а одозгора ќе облечете чорап. Облогите се менуваат секојдневно и третманот трае 7-8 дена.

Облоги со мед и сол

Измешајте мед и сол во иста пропорција (1:1) и обилно намачкајте го болното место. Одозгора ќе ставите газа, па најлон и ќе облечете чорап. Вака и ќе преспиете.  Третманот трае 10 дена.

Сподели