Крушите – добар лек против стрес

Крушата е сочно и слатко овошје со помалку зрнеста текстура. Постојат илјади видови од ова овошје и секое се разликува по боја, облик, вкус и големина. Може да се јадат свежи, да се преработуваат, готват, а сокот е посебно вкусен. Латинскто име на крушата е Pyrus communis, а заедно со јаболкото и дуњата се вбројува во фамилијата ружи.

Таа е богат извор на витамините Ц и К, бакар и растителни влакна. Витаминот Ц е познат борец против слободните радикали, а бакарот ги елиминира супероксидирачките радикали, додека влакната превентивно делуваат против ракот на дебелото црево. Најмногу влакна има во кората на крушата, па најдобро е таа да не се лупи.

Крушите се идеален избор за лицата кои го усвоиле модерниот стил на живот, а со тоа се изложиле на стрес, динамичен и брз живот, исцрпеност и губиток на резервите на енергија. Тие се познати по тоа што од нив се прави квалитетна ракија, но се користат и за правење на компоти и мармалад. Сепак, најдобро е крушите да се јадат свежи. Тогаш тие најдобро го тонизираат организмот.

100 g крушки содржат 0.3 g протеини, 0.4 g масти, 9.5 g јагленохидрати, 2,8 g растителни влакна и 5 mg витамин Ц. Крушите содржат големи количини на калциум и железо, па затоа им се пропорачуваат, како задолжително овошје, на жените над 40 години, како превенција од остеопороза.

Тие се, исто така, добар извор на витамин Ц, бакар, калиум и на растителни влакна. Крушите се природен и брз извор на енергија. Тие содржат значителни количини на моносафариди: фруктоза и гликоза, како и левулоза – најсладок природен шеќер. Крушата содржи и витамини од групата Б, кои му помагаат на организмот полесно да се справи со стресот. Тие го хранат нервниот систем и учествуваат во процесот на добивање енергија од јагленохидратите.

Scroll To Top