kortizol vo kosataВисоко ниво на хормонот на стрес кортизол во косата може со месеци претходно да укажува на срцев удар.Канадските научници истражувале како проблемите на работа , во брак и со финансиите го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести и утврдиле дека постои биолошки маркер со кој може да се измери, па и предвиди срцевиот удар.

Традиционално кортизолот се мери во крвниот систем, во урината и во плунката, но сите тие матрици покажуваат ниво на кортизол во последните денови и часови – велат професорите Стен Вен Ум и Гидеон Корен од Универзитетот Вестерн Онтарион.

Сепак , кај косата работата е поинаква. Во просек таа расте по еден сантиметар месечно и со проучување шест сантиметри долго влакно може да се процени нивото на стрес во многу подолг период.Тоа е откриено со анализа на примероци од коса на 56 мажи кои доживеале срцев удар во споредба со примероците од коса на мажи хоспитализирани поради некоја друга болест која нема врска со кардиоваскуларната.

Сподели