Симптомите се слични, но има неколку клучни работи по кои се разликуваат и треба да ги знаете пред да паничите.

За жал, периодот на пролетни алергии оваа сезона се поклопи со експанзијата на корона вирусот, па пред да почнете да паничите затоа што кашлате, вреди да ги знаете разликите.

Кои симптоми упатуваат на алергија?

  • Кашлица
  • Затнат нос
  • Кивање
  • Недостаток на воздух
  • Замор
  • Сува кашлица
  • Главоболка
  • Чешање во носот, грлото, ушите
  • Насолзени очи

Што се однесува до корона вирусот, главни се 3 симптоми:

  • Отежнато дишење
  • Сува и тешка кашлица
  • Висока температура и треска

Некои случаи бележат и болки во телото, губење здив, силна болка во грлото, губење на чувство за мирис и вкус и промени во столицата, па затоа е важно да ја следите ситуацијата и да не остварувате контакт со многу луѓе ако не е неопходно и да останете дома, почитувајќи ги мерките и препораките од Министерството за здравство и на Владата.

Кои се главните разлики?

  • Корона вирусот предизвикува температура, додека алергиските реакции не.
  • Алергијата доаѓа пропратена со чувство на чешање во носот, очите, скокткање во грлото, но овие симптоми не се типични за вирусот.
  • Затнатиот и растечен нос, исто така е почест знак за алергија, отколку за вирусот.

НАПОМЕНА: Во случај да се соменвате, контактирајте ги надлежните или матичниот лекар (телефонски) за да ги објасните симптомите. Секогаш е добро да се консултирате со стручно лице.