Корката од лимонот – дувло на бактерии

korka od limon

Група истражувачи, чија студија беше објавена во американското списание “Journal of Environmental Health Study”, советуваат да не нарачувате пијалаци со лимон внатре.

Имено, научниците ја тестирале кората и лушпата на 76 лимони во 26 ресторани и во 70% од анализираните примероци пронашле огромен број на бактерии.

-Лимонот е познат по своите антибактериски својства. Резултатите на студијата, меѓутоа, покажале дека цела низа на микроорганизми можат да опстанат на кората и во внатрешноста на лимонот, кога ќе се исече на парчиња – напоменува еден од авторите на студијата.

Тој додава, дека гостите во угостителските објекти мораат да бидат свесни, дека парчињата лимон кои се додаваат во одредени пијалоци, можат да содржат потенцијално патогени микроби.

Филип Тијерно, професор по микробиологија во еден медицински центар во Њујорк, спроведе десетина слични тестови и констатираше дека половина од анализираните парчиња лимон се контаминирани од човечки нечистотии и бактерии со потекло од дишните патишта и кожата.

Одредени примероци на лимони укажувале и на присуство на кандида, габично заболување на внатрешните органи.

Scroll To Top