Никогаш не ја фрлајте водата во која сте зготвиле ориз затоа што е богата со хранливи материи што и се потребни на вашата коса.

Имено, плакнењето со оризова вода или маска направена од оризова вода се многу популарни третмани со протеини за коса. Редовната употреба на оризова вода создава заштитен слој околу косата што ја штити од пукање и штетни надворешни влијанија.

Истурете половина литар врела вода во сад, а потоа додадете 100 гр ориз, промешајте и оставете го да отстои половина час. Потоа додадете кора од грејпфрут и неколку капки масло од лаванда, а потоа оставете го да отстои уште половина час, а потоа исцедете го и користете ја водата за нега на коса.

Најдобро е да се нанесе вода од ориз пред да се измие и да се остави да отстои околу половина час. По користењето на оваа маска косата станува подебела, посјајна и мазна. На видеото може да ја забележите разликата .

Погледнете ја целата постапка во видеото подолу.

ВИДЕО: