Користа од ангелика

angelika

Ангеликата е растение кое се користи се почесто во алтернативната медицина. Главните лековити соединенија кои ги содржи се: етерични масла, валеричната и ангеличната киселина, ангелицин, скополетин и линолната киселина и други состојки, што ја прават корисна во лекувањето на настинка, грозница, кашлица и некои желудочни проблеми. Лековитата суспензија направена од стеблото, коренот и семето, се користи против подуеност, како седатив или тоник. Ангеликата се користи и во случај на попречена менструација, а не е препорачлива да ја користат бремени жени. За ангеликата се вели дека е зајакнувач на срцето, па затоа се препорачува да ја земаат постари лица. Таа има и моќно антибактериско дејство. Денеска ќе ви презентираме повеќе природни лекови од неа.

Универзален чај

Една чајна лажица иситнет сув корен, се прелива со 2 дл вода и се остава неколку часа да отстои. После тоа чајот се става да проврие, се поклопува 1 саат да отстои, а после се цеди. Се пијат 1-3 мали шолји дневно во голтки.

Како еликсир

8 корени се ставаат во вода и 1 дл 70% алкохол 10 дена да стојат. Се процедува, се додава 40 гр шеќер, 1-2 кришки лимон и вода колку течноста да стане 1 литар. Се земаат пред јадење 1-2 мали чашки дневно.

Против асматични напади

1 супена лажичка мешавина од ангелика и пелин, се преливаат со 2.5 дл врела вода, се поклопува и се остава така 5 минути. Потоа се цеди и се пие во текот на денот по 1 шолја во голтки.

Ликер против подуеност

Се земаат 60гр семе од ангелика, 8 гр анис, 8 гр анасон, 6 гр семе од коријандер. Тоа се гмечи нежно и се става 200 гр чист алкохол  и се остава да стои 8 дена. После осмиот ден се зема половина кг шеќер, се растопува во 1 – 1,5 л вода, се меша со алкохолот и чаевите, се цеди и може да се употребува.

Внимание

Анѓеликата е јак стимуланс, па може кај слабите и осетливи особи да предизвика неугодност.

 

 

Advertisement