Корисен рецепт од кантарион


Тој е лек од античко време. Преставува извонреден лек за стомачни заболувања, воспален желудник, чир на дванаесетпалачното црево, воспаление на тенкото  и дебелото  црево, како и при воспалени хемороиди. Доста ефикасен е и за лекување на проливи кај деца и возрасни.

Во стоматологијата, кантарионот се користи во форма на капки, тинктура и чај за лекување на  воспаление на непцата и парадентоза. Најголема примена има за лекување на повреди и рани на кожата и за лекување на опекотини од највисок степен. Помага и на луѓе кои имаат хронична и акутна депресија, ја помага циркулацијата и кај пациенти кои имаат проблеми со артериска и венска циркулација и дава добри резултати. Денеска ќе ви презентираме еден многу ефикасен лек за рани и изгореници.

РЕЦЕПТ

Се земаат четири големи лажици цветови од кантарион, се ставаат во тегла и така треба да отсојат два дена, за да може цветовите да се свенат. Потоа се преливаат се едно литро маслиново масло и тоа заедно седи 6 недели. Со ова масло се третираат рани, изгореници па дури некои го користат и за болни хемороиди.

Scroll To Top