Глуварчето успешно расте на секое земјиште, но најмногу му одговараат ливадите и тревниците, пустите места и напуштените ниви. Расте и покрај патиштата и околу населените места.

На лицата со нежно здравје им се препорачува салата од свежи, сосема млади листови и корен од глуварче, зачинета со лимонов сок и маслиново масло.

Ваквата салата или чистиот сок од глуварче ја прочистуваат крвта, ја подобруваат крвната слика, како и го чистат организмот од наталожените отрови.

По ваквото чистење на организмот доаѓа до ублажување на ревматските симптоми и исчезнување на многу кожни заболувања, кои се често последица на загаденоста на организмот со токсини.

Чајот од глуварче е подобар од хемотерапија!

Откриено е дека коренот од ова растение наводно делува подобро од хемотерапија, бидејќи таа ги убива сите клетки, а коренот од глуварче удира само на канцерогените клетки. На универзитетот во Виндзор во Канада е спороведено иницијално истражување на Оделот за хемија и биохемија, а резултатите даваат нова надеж за болните од рак.

Коренот од глуварче ефикасно ги убива клетките зафатени со карцином без никакви штетни нус појави на останатите клетки во организмот. Чајот од глуварче делува на зафатените клетки така што тие се распаѓаат во текот на 48 часа, а за тоа време ни една нова здрава клетка во организмот не се разболува, покажало истражувањето.

Се смета дека континуиран третман со корен на глуварче може да ги уништи клетките зафатени со карцином кај болните, а поради овие неочекувани резултати тимот експерти добиле дополнителна подршка да продолжат со истражување на оваа билка.

Сподели