Лимонот штити од многу болести, па со право можеме да го наречеме супер-храна. Полн со нутиенти – содржи биофлавониди, пектин, фолна киселина, витамин Ц, А, Б1, Б6, калиум, калциум, магнезиум,фосфор, манган. Поволно делува на работата на црниот дроб, цревата, желудникот, имунолошкиот и кардиоваскуларниот систем.

Доколку редовно конзумирате лимон, можете да ги спречите болестите како бронхитис, ларингитис, грип, артритис, висок крвен притисок, бактеријски инфекции, бубрежни камења, а според новите истражувања и рак!

Постојат многу начини оваа намирница да ја практикувате во вашето секојдневно мени, но дали знаете дека лимонот помага и како облога за лекување на зглобовите. Да, токму така. За таа цел ви нудиме еден рецепт кој доколку правилно го направите можете да почувствувате олеснување на вашите нозе и раце.

Потребно е да ставите кора од два излупени лимони во тегла и да ги полиете со маслиново масло до врвот. Потоа да ја затворите теглата и да ја оставите да отстои две недели. Откако вашиот лек ќе биде подготвен, добиеното масло ставете го на чиста газа и ставете го на болниот зглоб, врз газата ставете кеса а врз неа волнен шал. Ова е потребно да го направите навечер и така да преноќите.

loading...
Сподели