Секое трето дете во земјава има искривен рбет, поради ранците кои се тешки од пет до осум килограми и поради постојаното седење пред компјутерите, уште од мали нозе. Алармантна е бројката на дечиња во школска и предшколска возраст, кои се соочуваат со овие здравствени проблеми, а која изнесува околу 300 деца годишно. Уште пострашно е тоа што децата од мали, страдаат од вистински сколиози, кои подоцна многу тешко се лекуваат.

iskriven rbet

 Неправилното носење на чантите, постојаното седење пред компјутер и недоволната физичка активност, се само дел од причините поради кои децата се соочуваат со ваквите здравствени проблеми. Тие посебно во летниот период се посветени на игрите и дружењата и сето тоа што им е скратено во текот на школската година, тие го надоместуваат за време на летниот распуст. Седејќи по цел ден дома на тропските горештини, тие си наоѓаат постојана забава пред компјутерите и видео игрите, без да размислат дека целодневното и неправилно седење може да им наштети на здравјето.

Според лекарите, резултатите се поразителни. На Клиниката за ортопедија секојдневно доаѓаат многу деца, кои имаат вакви деформитети.

– Лошото држење на телото, кога децата седат неправилно  на столчиња, кои не одговараат на нивната висина, тогаш се создаваат проблемите со искривен рбет. Дополнителен проблем преставува и тоа, што децата многу време поминуваат пред компјутер, играат игри, а со тоа забораваат на физичката активност, која им е потребна многу за да ги балансираат работите – објаснуваат специјалистите по физикална.

Според нив, децата во училиштата немаат соодветно физичко образование.

– Ако дечињата во училиште имаат барем два часа неделно физичка активност, тогаш тие проблеми би се елиминирале. За нашите урбани деца најдобро е превентивното дејствување и на тој начин би имале здрава млада генерација. Значи многу е важно, тие вежби за правилно држење да ги има редовно во училиштата, потоа столчињата да им се направат спрема возраста и децата секогаш да бидат соодветно наместени пред компјутерите, па на тој начин би биле поштедени од здравствени проблеми – истакнуваат ортопедите.

Тие додаваат дека од една страна има многу деца кои доаѓаат на клиниката, а од друга страна тука се и превентивните прегледи, кои го алармираат проблемот претходно. Според нив, децата со искривен рбет имаат долготрајно лекување и долготрајни вежби.

Сподели