Компирот е еден од најздравите зеленчуци

kompir11 Ако погледнеме во составот на компирот, ќе сфатите дека тој е еден од најздравите зеленчуци. Дури и повеќе од тоа: ако хипотетички, треба да изберете само една намирница која ќе вклучува 100 проценти од нашата исхрана, компирот би можел да биде најдобар избор.
Малкумина знаат дека компирот содржи многу високо ниво на протеин (за разлика од житариците и мешунките ).
Компирот има многу минерали и е богат со магнезиум, бакар и калиум, важни за здравјето на срцето. За компирот ретко се размислува како за извор на витамин Ц, па затоа многу се изненадени кога ќе слушнат дека само 100 грама печени компири ( без лушпа ) ги задоволува дури 20 проценти од дневните потреби за витамин Ц.
Се разбира, ова се однесува само ако компирите не се пржат во сончогледово масло и други масла.
Генерално, најдобро е да се избегнува пржењето, или пак веќе ако пржите тоа сторете го со кокосово масло или на стариот добар начин, со свинска маст.

Advertisement