Комбухата не е само обична габа, таа може да биде “божествен напиток” за вашиот организам

Комбухата е габа која претставува смеса од повеке организми лисаи, квасци и бактерии , како и голем број на ферменти. Изградена е во облик на повекеслојна мембрана со сивкаста до бледо месеста боја и не се јаде. Се смета дека таа е габа на младоста, бидејки ги спречува старечките болести и создавањето на брчки, служи како превенција за рак и го зајакнува имунитетот. 

Комбухата не е само обична габа, таа претставува симбиоза помеѓу различни организми, вклучувајќи габи (квасци) и некои бактерии (bacterium gluconicum, acetobacter ketogenum), што предизвикуваат алкохолно-киселинско вриење.

Живее во хранлив раствор кој се приготвува од црн или зелен чај и шеќер, а се развива како повеќеслојна, дебела, слузава, светло-кафеава пивтиеста маса која плива на површината на засладената течност.

Историја за комбухата

Позната ширум светот, уште одамна, а особено популаризирана последниве години. Ја нарекуваат руска, јапонска, кинеска и индиска чајна габа. Првите записи датираат од 212 година п.н.е. за време на владеењето на Династијата Тсин, во Кина. Таму народот ја нарекувал „лек за бесмртност“ или „божествен напиток“. Но, самото име комбуха, води потекло од Јапонија.

Во 414 година, Докторот Комбу од Кореја, ја донел комбухата во Јапонија, за да го лекува Јапонскиот император Inkyo. Од тука, овој извонреден тоник се проширил и во Русија, Индија, Европа, а по Втората Светска Војна, заради зголемена инциденца на заболени од рак, повторно е популаризиран. Во Русија овој здрав напиток го нарекуваат „чаен квас“.

Делува и како природен антибиотик

Најзначајна компонента е глукуронската киселина која нормално се создава во црниот дроб и ги прочистува од организмот штетните отрови. Покрај овие, содржи и бактерии во форма на Lactobacillius Acidophilus, како и дузина други пробиотици.

Овие култури кога ќе дојдат во дигестивниот систем, се активираат и ги врзуваат вишокот шеќери и токсини внесени со исхраната, овозможувајќи му на телото да ги апсорбира сите хранливи нутриенти. На овој начин се регулира нивото на киселост во дигестивниот систем и се отстрануваат сите штетни бактерии и патогени (детоксификација).

За време на процесот на ферментација, таа се храни со шеќерот во чајот и произведува низа супстанци значајни за човековото тело: глукуронска, млечна, оцетна киселина, витамини (Ц, Б комплекс), аминокиселини, хепарин, хијалуронска киселина и ензими бромелаин и папаин. Оваа течност после ферментацијата се пие како чај, но може да се користи и како киселина наместо оцетната.

Подготовка на напиток од комбуха

  • Најпрвин се приготвува чај од 2 л провриена вода во која се додаваат 2 лажици црн или зелен чај (околу 5гр). Подобро е да се користи зелен чај бидејќи со габата се добива напиток кој го спречува создавањето на канцерогените клетки.
  • Приготвениот чај стои 15 мин, а потоа се цеди и во него се додава 100 гр шеќер. Сето тоа добро се меша се додека не се раствори шеќерот.
  • Чајот треба да се олади, се до 20°C, за да не ја убиете габата. Потоа чајот го ставате во голема стаклена тегла и ја ставате во него габата.

ВАЖНО: За секое наредно приготвување на напитокот оставајте по 10 % од преходниот напиток како “стартна течност”. Теглата затворете ја со газа или тенка памучна крпа за да има воздух за ферментација, а при тоа да ја заштитите од загадувачи, муви, мушички и прашина. Немојте да ја затворите со капак.

Комбухата се чува на топло и темно место. Идеална температура е од 23°C до 27°C

Процес на ферментација

Ферментацијата се одвива на темно, бидејки јаката сончева светлина може да ја уништи габата. При процесот на ферментација габата го разградува шеќерот и го претвора во СО2, а бактериите во органски киселини . Така на почетокот, напитокот има благ вкус, а потоа добива кисел, како резултат на преминување на шеќерот во киселина. Доколку некој сака поблаг напиток може порано да ја прекине ферментацијата, во спротивно нека ја остави до крај каде се добива кисел напиток.

Кога напитокот ке ја постигне потребната киселост се вади габата од чајот и се премива со чиста вода, а потоа се става во друг предходно подготвен чај и се додава 10 % од претходно приготвениот напиток. Напитокот од комбуха се става во стаклено шише. За да има подобар вкус може да се остави во добро затворена стаклено шишеда и да отстои 5 дена пред да се пие. Во оваа состојба акивноста на бактериите прекинува поради недостаток на воздух. Активна е само габата која што произведува СО2 и му дава газиран вкус на пијалокот.

Комбуха напитокот е добар и може да стои неколку месеци ако се чува во добро затворено стаклено шише и на ладно место. Напитокот има пријатен вкус, пенлив, помалку киселкаст и освежителен. Може да се пие 3 пати дневно по една чаша , наутро на празен желудник, напладне пред ручек и вечер пред спиење.

Лековито дејство на комбухата 

Се смета дека напитокот од комбуха ја продолжува долговечноста. Напитокот е богат со витамини кои се неопходни за човекот, исто содржи белковини и ензими кои се корисни за слузокожата и стаклестото тело на окото, но и за другите органи.

ВАЖНО:   Дневно се препорачуваат една до три чаши, наутро на празен стомак, попладне по ручекот и навечер пред спиење.

Зошто е корисно да се пие комбуха напиток:

  • Против замор, малаксаност, стрес, нервоза, мамурлук.
  • Против несоница.
  • Делува како природен антибиотик.
  • Ја обновува цревната флора, а со тоа помага при колитис, хемороиди и запек.
  • Спречува стареење на кожата и го спречува создавањето  на брчки, седи влакна,  како и старечки пеги по кожата.
  • Го продолжува животниот век.
  • Го регулира крвниот притисок и метаболизмот, ја стимулира работата на жлездите и помага во согорување на непотребните масти во организмот.
  • Превенција од канцерогени заболувања и го зајакнува имунитетот на организмот
  • Ја снижува уреата, шеќерот и холестеролот во крвта.
  • Помага во согорување на маснотии и полесно слабеење.
  • При менопауза ги намалува „топлите“ бранови и го прочистува организмот од штетните материи.
  • Спречува појава на разни вируси и најчестиот вирус кај жените ХПВ.
  • Се смета и дека повторно го воспоставува растот на косата.
  • Помага при астма, бронхитис и кашлица.
  • Против заболувања на желудникот, бубрезите и црниот дроб,
  • Против болки во коските, артериосклероза, и кожни болести.
Advertisement