Медот и оревите ја ублажуваат импотенцијата, анемијата, главоболките, чир на желудник, а најдобро од се’ е тоа што овој еликсир не е тешко за приготвување.

ЗА АНЕМИЈА

Се’ што ви е потребно е половина килограм квалитетен ливадски мед, половина килограм мелени ореви и еден лимон.

Состојките треба да се измешаат во тегла во која ќе ја чувате мешавината се додека да ја потрошите.

Лекот се консумира на секои 3-4 часови.

ЗА ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК

Кај проблеми со висок крвен притисок се препорачува секојдневно консумирање на 100 грама ореви и иста количина мед во период од 45 денови.

ЗА ЧИР НА ЖЕЛУДНИК

При проблеми со чир во желудникот се приготвува оревово млеко со мед. Потребни се 20 грама мелени ореви помешани со врела вода, добро изматени во блендер, па процедени.

Во добиеното млеко додадете 2 лажици мед и консумирајте 2-3 лажици половина час пред секој оброк.

ЗА ИМПОТЕНЦИЈА

Мелени ореви измешајте со квалитетен мед во ист сооднос. Консумирајте по две лажици 2-3 пати дневно, половина час после јадење. За да се постигне посакуваниот ефект, третманот треба да трае 20 до 30 денови.

Извор: NMD.mk

loading...
Сподели